Светските лидери изразија сочувство и подготвеност да помогнат по земјотресот во Турција

Голем број светски лидери го изразија своето сочувство и подготвеност да помогнат по силниот земјотрес во јужна Турција во кој загинаа стотици луѓе во Турција и Сирија.

Грција беше првата што го испрати својот најдобар спасувачки тим во Турција за да помогне во спасувањето на луѓето од земјотресот.

Во исто време снежното невреме продолжува во Грција. Затворени училишта и владини канцеларии, како и дел од патиштата кои не само што се покриени со снег, туку и подмрзнати од ниските температури. Синџирите за автомобили се задолжителни. Цивилната заштита ги повикува луѓето да не излегуваат и да патуваат само како последно средство.

Соединетите држави се „ длабоко загрижени “ од извештаите за катастрофата, рече американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на агенцијата за меѓународен развој на земјата да процени како може да помогне.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина е „ блиску до пријателскиот турски народ “ и е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка за справување со последиците од катастрофата.

„ Шокиран сум од веста за смртта и повредите на стотици луѓе како последица на земјотресот во Турција “, напиша Зеленски на Твитер. „ Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент сме блиску до пријателскиот турски народ, подготвени да ја пружиме потребната помош .

Израел соопшти дека е подготвен да и помогне на Турција по силниот земјотрес со јачина од речиси 8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди централните делови на земјата и северозападна Сирија , а потреси се почувствуваа и во делови од Израел и палестинските територии, објави Ројтерс.

Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека израелските безбедносни сили се подготвени да дадат каква било потребна помош, а министерот за надворешни работи Ели Коен рече дека се подготвува програма за итна помош.

Во погодените подрачја во Турција ќе бидат испратени екипи за пребарување и спасување од 370 лица од Азербејџан.