СЕ СОБЛЕЧЕ ПО МАИЦА И ЈА РАСПАЛИ СКАРАТА! Чеда Јовановиќ ги запали мрежите со фотографијата – Малку туна, малку лосос! (ФОТО)

Чедомир Јовановиќ минатата недела се сликаше како прави скара, а сликата го запали интернетот.

Познатиот српски политичар Чедомир Чеда Јовановиќ, лидер на ЛДП, топлите денови ги минува во природа и зеленило, а минатиот викенд се соблече во маица и ја запали скарата за да подготви ручек за семејството .

Тој вели дека фрлил туна и лосос на јагленот за да можат неговите најблиски да уживаат во вкусната храна и покажува што може да готви. Додека дамите и завидуваат на г-ѓа Јовановиќ за нејзиниот сопруг кој готви, коментаторите на Фејсбук му „викаат“ дека тој можел и тревата да ја искоси, пишува Курир.

Неодамна Јовановиќ на социјалните мрежи гордо објави фотографии од својата ќерка Јана Харт од големата матура. Таа за својот голем ден избра долг и црн, елегантен фустан.