СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ПОГОДИ ДРУГА ЗЕМЈА! Милиони луѓе почувствуваа силно тресење на земјата

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил во областа Кепулауан Бабар, на длабочина од 138 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.