Спасовски и Агелер ја потврдија успешната соработка на МВР и Владата на САД

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник Рајан Милер.

Спасовски во оваа прилика и се заблагодари и на американската амбасадорка Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави и ја дава на Република Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи, во зајакнувањето на капацитетите и сите процеси кои се спроведени преку проектите на наменети за полицијата.

Како стратешки цели во кои Министерството за внатрешни работи на Република Македонија беше целосно фокусирано во изминатиот период, министерот Спасовски ги истакна: борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминал, миграцијата и борбата против тероризмот.

Поголемиот дел од целите поставени на ниво на МВР беа успешно остварени и на високо професионално ниво со одлични резултати, за што добивме благодарници и честитки од високите претставници на администрацијата во САД, со кои министерот Спасовски неодамна оствари средби и работа. во Вашингтон.

Американскиот амбасадор Агелер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешната средба, како и за континуираната одлична соработка на Република Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општественото живеење, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и американската влада за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.