„СПЕКТАКУЛАРНИ СЦЕНИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ВУЛКАН“: Се разбуди Етна, НЕВЕРОЈАТЕН ФЕНОМЕН приреди најголемиот активен вулкан во Европа (ВИДЕО)

Вулканот Етна на Сицилија, најголемиот активен вулкан во Европа, веќе неколку дена исфрла спектакуларни „прстени од чад“ на небото, поради што италијанските корисници на социјалните мрежи ја нарекоа „Дамата на прстените“ (La Signora degli Анели).

RAI News наведува дека овие „вулкански вителски прстени“ се направени од пареа и се формираат при мали експлозии на меурчиња исполнети со гас во тесен канал лоциран над простор исполнет со магма.

Британскиот физичар Сер Вилијам Томсон, познат и како Лорд Келвин, беше првиот што му даде име на овој природен феномен и го нарече „прстени на вулканскиот вител“.

Се вели дека овој феномен првпат бил забележан на Етна во 1724 година, а подоцна овој феномен бил регистриран и на вулканот Стромболи.