Спречен обидот на Украина да ја нападне Москва со дронови

– Руското Министерство за одбрана објави дека е спречен обид за напад на московскиот регион од страна на Украина со беспилотни летала.

„Утринава беше спречен обидот на режимот во Киев со беспилотни летала да изврши терористички напад врз објекти во Московската Област“, ​​се вели во писменото соопштение на руското Министерството.

Во соопштението се наведува дека беспилотните летала биле уништени од руските системи за противвоздушна одбрана, додавајќи дека немало жртви од украинските напади.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, од друга страна, во постот објавен на неговиот профил на социјалните мрежи наведе дека е спречен украинскиот обид за напад со беспилотни летала, но соборените дронови удриле во неколку висококатници во Москва, предизвикувајќи штета, но притоа нема загинати и повредени.

Од друга страна, на некои снимки објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека настанала експлозија од падот на едно од беспилотните летала во подрачјето на главниот град на Русија, каде што се наоѓаат московските висококатници.

И во украинските напади со беспилотни летала врз руската престолнина Москва извршени на 24 и 28 јули беше соопштено дека немало загинати или повредени.