„Татко ми повика полиција кога ја изгубив невиноста!” Познатата пејачка шокираше со признанието: Беше трауматично! (фото)

Пејачката Лили Ален откри како реагирал нејзиниот татко Кит Ален кога ја изгубила невиноста. Ален неодамна се појави во подкастот „Life’s a Beach“ на комичарот Алан Кар, каде зборуваше за времето кога ја изгубила невиноста додека била на одмор со нејзиниот татко, актерот Кит Ален и славниот брат Алфи Ален.

,,Ја изгубив невиноста со момчето Фернандо во Бразил кога имав околу 12 години“, откри таа, пред да појасни: „Не, се шегувам“.

Иако Ален не откри колку години всушност имала кога ја изгубила невиноста, таа му рекла на Кар дека „никогаш повеќе не разговарала со Фернандо“ по нивниот состанок. Пејачката признала дека искуството било „малку трауматично“ затоа што татко и повикал полиција истата вечер за неа.

,,Всушност исчезнав. Отидов во неговата хотелска соба – бев на одмор со татко ми и брат ми – и очигледно не се вратив во мојата соба”, рече Лили Ален.

Таа објаснила дека го „ќпреспала следното утро и дека ја разбудила полицијата која трчала низ целиот хотел каде што биле сместени.

,,Полицијата буквално трчаше по плажата и ги прашуваше луѓето дали ме виделе“, додаде таа.

,,Мислеа дека се удавив. Немав срце да кажам. И не само ја изгубив невиноста, после тоа немав секс некое време”, изјавила 38-годишната пејачка.

Оттогаш, британската пејачка се смири со ѕвездата на „Stranger Things“, Дејвид Харбор. Двајцата се запознале преку апликацијата за запознавање на Раџ додека тој го снимал Black Widow во Лондон.

Тие се венчаа во септември 2020 година на интимна свадбена церемонија во Лас Вегас. Ален претходно беше во брак со Сем Купер, со кој ги има ќерките Етел и Марни.