„Тајмс“ открива што се случува во бункерот на Зеленски

Британскиот весник „Тајмс“ објави текст во кој се зборува за ситуацијата во бункерот на Владимир Зеленски и во неговиот кабинет.

Како што пишува весникот, британски новинар е во Киев и разговарал за бункерот со различни украински функционери кои се запознаени со ситуацијата во засолништето. Меѓу изворите се и советникот на Зеленски, Александар Родњански и министерот за земјоделство, Николај Шољски.
На секоја улица околу канцеларијата на Зеленски има контролни пунктови со вооружени стражари, поминуваат само оние кои имаат соодветни документи и пасош“, се наведува во материјалот.

Се нагласува дека војниците од сите бараат лозинки кои секојдневно се менуваат.

„Ова се често бесмислени фрази кои Русите тешко ги изговараат“, се објаснува во написот, додавајќи дека во зградата нема светла и дека завесите се секогаш повлечени.

Главните претставници на украинските власти беа сместени во подземни бункери по почетокот на специјалната операција. Според еден извор на весникот, првично беше планирано официјалните лица да останат под земја една недела. Сепак, пишува весникот, Зеленски и неговите помошници живееле во бункерот речиси два месеци.

Сите што биле со Зеленски во бункерот морале да потпишат дека ќе ја чуваат тајната. Документот забранува ширење информации за планот на објектот, неговата локација, предметите во него, како и информации за храна. Се наведува дека групата луѓе кои биле со Зеленски во бункерот добиле информации за конфликтите благодарение на своите мобилни телефони.

Еден украински функционер изјави за весникот дека една вечер решил да го напушти засолништето и да вечера во ресторан. Фотографијата ја испратил на неименуван украински пратеник, кој одговорил со вулгарности. Подоцна нарачал хамбургери и друга храна за сите во бункерот, пренесува Спутник.