Телефонски разговор на Ердоган со израелскиот претседател: Да се обезбеди траен мир во регионот

 – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараше со израелскиот претседател Исак Херцог, јавува Анадолија.

Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател, двајцата лидери разговарале за последните случувања во однос на израелско-палестинскиот конфликт и тензиите во тој регион.

Ердоган рече дека секој чекор што може колективно и неселективно да им наштети на луѓето во Газа дополнително ќе ги зголеми страдањата и спиралата на насилство во регионот.

Турскиот претседател повика на здрав разум и истакна дека итно воспоставување мир во регионот е од големо значење за благосостојбата на целиот регион.

Во разговорот Ердоган истакна дека напорите на Турција ќе продолжат уште посилно за да се стави крај на загрижувачките конфликти во тој регион и да се обезбеди траен мир.