Тејлор Свифт го купува најстариот фудбалски клуб во светот!?

Во изминатите неколку дена на Островот одекна вестта дека светската ѕвезда – Тејлор Свифт има намера да го купи најстариот фудбалски клуб во светот, Нотс Каунти. Навивачите ја дочекаа вестта во неверување, бидејќи клубот веќе извесно време има проблеми со резултатите, а моментално се натпреварува во Лига 2.

Сепак, многу брзо стигна демант од претставништвото на клубот и тоа многу креативен. Сопствениците на клубот Крис и Алекс Рец излегоа со официјално соопштение, а она што е интересно е што во текстот се наоѓаат наслови на песните на Тејлор Свифт како „Blank space“, „Bad blood“, „Style“ и други.

– Колку и да ни е жал што ги разочараме нашите и обожавателите на Тејлор Свифт, најостро ја демантираме приказната дека таа нè купува. Сигурно нема недоразбирања меѓу нас и Тејлор, но и таа самата знае дека нема да и’ го препуштиме клубот – изјавија Крис и Алекс Рец.

Интересно е што сопствениците на клубот наредиле на следниот натпревар во Лигата 2 против Рексам, целата плејлиста да биде базирана на хитовите на Тејлор Свифт и нејзиниот нов албум „1989“. Сакаат да и’ се заблагодарат за интересот.

Како што споменавме, Нотс Каунти е најстариот фудбалски клуб во светот откако е основан во далечната 1862 година. Тие се натпреваруваат во четвртиот степен на англискиот фудбал и според најновите гласини Тејлор Свифт би требало да потроши нешто повеќе од милијарда долари за да го купи клубот.