“ТОЧНО НА ПЛАДНЕ!“ – Алексеј Навални не мирува ниту од затвор: Ги покани Русите да протестираат против Владимир Путин на денот на изборите

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денес ги повика Русите да протестираат против претседателот на државата, Владимир Путин, на денот на изборите во март, појавувајќи на демонстрации пред гласачките места напладне.

Алексеј Навални на социјалните мрежи, на кои објавува преку своите соработници, напиша дека не е доволно да се гласа против Владимир Путин бидејќи, како што наведе, Кремљ во секој случај би го фалсификувал резултатот, користејќи електронски систем за гласање што ќе се користи за првпат на претседателски избори.

Алексеј Навални оцени дека глетката на голема толпа напладне за време на изборите на 17. март ќе испрати силен сигнал, додека во исто време никој нема да биде во ризична положба поради тоа.

Ова може да биде моќна демонстрација на расположението во земјата“, пишува во објавата на Алексеј Навални на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм контролиран од неговиот тим.

Алексеј Навални (47 г.) моментално отслужува повеќе од 30-годишна затворска казна во казнена колонија на Арктикот поради повеќе обвиненија, вклучително и екстремизам, за кои вели дека сите биле измислени за да го замолчат.

Гласачите во околу една третина од регионите на Русија, вклучувајќи ја и Москва, можат да изберат да гласаат преку далечински електронски систем за првпат во историјата на оваа земја.

Критичарите велат дека електронското гласање не може да се следи и дека властите лесно можат да го манипулираат.

Од Кремљ велат дека Владимир Путин ќе победи бидејќи има поддршка и доверба од гласачите, а според анкетите има поддршка од околу 80 отсто.