Три земјотреси во Србија за помалку од час и половина: Еве каде се тресеше

Во Србија вечерва се регистрирани дури три земјотреси

Три послаби земјотреси се регистрирани вечерва на територијата на Србија.

Два земјотреси се регистрирани на подрачјето на Крушевац и еден на подрачјето на Нови Пазар.

Според информациите на Сеизмолошкиот завод на Србија, првиот земјотрес е регистриран во 18:59 часот кај Крушевац и бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Само шест минути подоцна во истото подрачје е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени.

Во 20 часот и 15 минути земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Ново Пазар.