Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела

 – Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг.

Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си.

Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.