Француска подморница која се вклучи во потрагата по „Титан“ се приближува до локација близу потонатиот брод Титаник

 Подморницата „Виктор 6000“ е испратена да помогне во спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатата подморница „Титан“ по барање на американската морнарица. Францускиот истражувачки брод „Атланте“, кој носи роботска потопница, се наоѓа на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник.

„Виктор 6000“ може да нурне до длабочина од 6.000 метри и може да го исфрли „Титан“ доколку се заглавил на дното на океанот, но не би можел сам да ја подигне подморницата, туку би ја закачил на брод кој потоа би ја подигнал.

Исто така, канадската војска објави видео од летало за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата, пренесува „Јутарњи лист“.

Како дел од потрагата, авион на кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот, барајќи траги од подморницата.

Американската крајбрежна стража проценува дека во подморницата „Титан“ има кислород за денеска до 13:18 часот. Би-Би-Си наведува дека капетанот, кој ја води потрагата, изјавил „да бидам искрен незнам каде се“.