Швајцарскиот претседател Берсе најави дека кон крајот на годината ќе се повлече од функцијата

 Швајцарскиот федерален претседател Ален Берсе денеска соопшти дека ќе се повлече од функцијата кон крајот на годината и нема да се кандидира за реизбор во Швајцарскиот федерален совет, јави ДПА.

Педесет и едногодишниот социјалдемократ е член на седумчлениот Федерален совет (Влада) на земјата од 2012 година. Во Швајцарија, претседателството е ротирачко и се презема по една година од секој од седумте членови на Федералниот совет, кои при тоа ги задржуваат своите министерски места.

Берсе е министер за внатрешни работи и здравство.

Својата желба да се повлече од кабинетот денеска ја објасни со долгогодишниот престој во Владата. Берсе им изјави на новинарите дека во изминатите 12 години не ја извршувал истата функција двапати.

Според традицијата во Швајцарија, министрите учествуваат во Владата без оглед на резултатите од парламентарните избори.

Министрите во Федералниот совет ги претставуваат четирите најголеми партии и по правило сами одлучуваат кога да поднесат оставки. Вообичаено е министерскиот мандат да трае една деценија или повеќе.