Шеиците го купуваат Манчестер Јунајтед и вложуваат 2 милијарди фунти на стадионот: Еве како би можел да изгледа новиот Олд Трафорд (Фото/Видео)

Манчестер Јунајтед наскоро би можел да го смени сопственикот и да почне да гради нов стадион.

Шпекулациите околу евентуалниот влез на Катар во Манчестер Јунајтед, односно катарскиот инвестициски фонд кој веќе е дел од сопственичката структура на ПСЖ добиваат нови контури.

Откако минатата година Глејзер, богато американско семејство кое е сопственик на Манчестер Јунајтед 20 години, објавија дека размислуваат за продажба на клубот од Олд Трафорд, речиси веднаш се проширија гласини дека Катарците се најзаинтересирани и дека не сакаат да штедат. Тие, наводно, се подготвени да им понудат на Глејзерс дури шест милијарди фунти за да станат нови сопственици и да го вратат џинот кој се сопнува на патот на успехот.

Катарците сакаат да го купат Манчестер Јунајтед

Паралелно со тоа почна да се врти приказната за темелно реновирање или дури и уривање и изградба на целосно нов стадион. Наводно, Катарците се подготвени да вложат дури две милијарди фунти во оваа операција. За редизајнот на Олд Трафорд се зборува со години, но прашање е како ќе изгледа Театарот на соништата кога и дали конечно ќе почне со работа?

Досега знаеме дека Манчестер Јунајтед назначи тим од водечки консултанти за да започне со работа на „мастерплан“ за реконструкција на еден од најисториските фудбалски стадиони.

Манчестер Јунајтед ги ангажираше архитектите кои го дизајнираа новиот дом на лондонскиот ривал Тотенхем, кој изгради модерен, мултифункционален стадион со 63.000 седишта.

Уживањето во сите погодности на еден ваков стадион дава нова димензија на гледањето натпревари, а ова навивачко искуство сакаат да го имплементираат во Манчестер Јунајтед, кој не само што сака да го подобри комфорот и услугите, туку и да го прошири постоечкиот капацитет.

Британскиот милијардер најголемиот конкурент

Семејството Глејзер долго време е на удар. Подеднакво се критикувани за лошите резултати, но и за недостигот на инвестиции во модернизацијата на Олд Трафорд. Доколку Глејзер решија да го продадат англискиот гигант на Катарците, извесно е дека би направиле многу побрз чекор кон решавање на инфраструктурните проблеми и фаќање чекор со конкуренцијата.

Катарскиот инвестициски фонд тежи 368 милијарди фунти и всушност е поддржан од катарската влада. Значи, можностите се незамисливи. Се претпоставува дека главен конкурент на Катарците при купувањето на Манчестер Јунајтед ќе биде британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф, кој е роден во близина на Манчестер и е голем фан на Јунајтед.

Своето богатство го стекнал во бизнисот со хемикалии за домаќинство. Американскиот Форбс проценува дека тој тежи 12,5 милијарди фунти, додека британскиот Сандеј тајмс тврди дека се уште е поблиску до богатство од 6 милијарди фунти, што го прави 27-ми најбогат човек во Велика Британија. И има амбициозни планови.

Проширување на капацитетот

Кој и да победи на таа трка, најверојатно ќе започне со реновирање на Олд Трафорд, што не е лесно да се надгради бидејќи железничката линија минува веднаш до него. Но, со доаѓањето на новите градежни технологии, исто така е можно да се реши овој проблем. Олд Трафорд моментално има капацитет од околу 74.000 седишта, а се размислува за проширување меѓу 80 и 90 места, во некои комбинации дури и до 100.000 седишта.

На Јутјуб се појавија неколку погледи на новиот Олд Трафорд. Популарниот YouTuber Bondibot создаде три потенцијални дизајни. Наводно, катарските инвеститори се ентузијасти од идеите и се подготвени да ги спроведат.