Ѓоковиќ во 01:00 по полноќ крена узбуна во својот тим: Од Иванишевиќ бараше итно решение за проблемот, тој во 3 часот наутро вртеше телефони по Лондон!

Доказ колку српскиот тенисер не остава ништо на случајноста и колку сака да биде подготвен за секоја ситуација.

Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Вимблдон победувајќи го Андреј Рубљев, но сега се појавија информации за неговиот претходен меч против Хуберт Хуркач, кој се играше во текот на два дена.

Веќе сите знаат дека во осминафиналето мечот на Новак беше прекинат поради таканаречениот полициски час по двата сета кои Србинот ги доби во тај-брејк, а тој продолжи и следниот ден, кога Новак го загуби третиот сет, но потоа го освои четвртиот и победи.

Сепак, во ноќта меѓу паузата и продолжението на мечот, српскиот тенисер го вклучи алармот во својот тим, па по полноќ Горан Иванишевиќ имаше полни раце работа.

Имено, српскиот тенисер беше многу незадоволен што безмелку не успеа да му парира на Хуркач на неговиот сервис, кој делуваше импресивно. Полјакот имаше дури 33 асови и 80% од освоените поени на свој сервис. На крајот на краиштата, самиот Новак по мечот призна дека не се сеќава кога се чувствувал толку јадно и немоќно кога противникот сервирал.

Очигледно Ѓоковиќ сакал да го анализира и сервисот на противникот и неговото враќање и да смисли тактика со која би можело да се реши проблемот.

Пет Кеш, победник на Вимблдон во 1987 година, изјави за Би-Би-Си дека Иванишевиќ барал видео материјал од првите два сета во 1 часот по полноќ.

Имаат човек за статистика со кој разговарав вчера, во три часот по полноќ, добил порака од Горан во која тој вели: „Ги сакаме сите репризи на враќањата бидејќи не ритернираше добро против Хуркач, дајте ни ги сите ритерни и грешки. Мислам дека нешто и ние самите обезбедивме, но дали можеш да ми ги испратиш?“ Во три часот наутро, и така прекинатиот меч заврши доцна – изјави Австралиецот во подкаст за BBC 5.