Ѕвездите на „OnlyFans“ ги открија најголемите бизарни работи кои им ги барале

Ѕвездите на OnlyFans открија неколку прилично бизарни барања што ги добиваат на популарната страница.

Исла Мун, која претходната година ја заработи за само 48 часа, изјави за Унилад дека еден од нејзините следбеници ја замолил да згази на бубачки и да снима.

Од неа, исто така, беше побарано да изеде еден куп палачинки и да се снима како јаде и покажува надуеност на стомакот, но Исла учтиво одби.

Сега и Шарна Бекман зборуваше за некои необични барања што ги добила од нејзините претплатници на OnlyFans.

27-годишната австралиска креаторка на содржини е на OnlyFans веќе три години, а нејзиниот најуспешен месец до сега и донесе огромни 220.000 долари за краток временски период.

Најмногу пари Шарна добива од ексклузивните барања на нејзините следбеници да ги понижи.

Таа, исто така, објасни што точно може да вклучува тоа.

„Тоа е кога обожавателите сакаат да ги понижите, да им кажете колку им се мали гениталиите“, објаснува таа.

„Се сеќавам дека имав еден обожавател кој ми испраќаше видеа на кои е гол, облечен само со штикли и чанта преку рамо. Потоа почнуваше да удира по гениталиите со петиците, навистина силно“, вели Шарна.