ЈУВЕНТУС ГО НАВРЕДИ ВЛАХОВИЌ: Тоа што му го понудија е целосно НЕПРИФАТЛИВО!

Потпишувањето на новиот договор на Душан Влаховиќ заврши во ќорсокак! Причината – понудата на Јувентус која беше неприфатливо ниска. Сакале да го задржат Влаховиќ, но со намалување на платата?!

Секако, одговорот беше „не“, а дали ќе има некаква промена секако ќе зависи од желбата на Јувентус да посегне подлабоко во џебот.

Доколку не се спремни за тоа, за Влаховиќ ќе се редат бројни европски гиганти .

Познатиот портал „FootballTransfers“ под ознаката „ексклузив“ објави дека Влаховиќ е апсолутна омилена опција на Микел Аретете за напаѓачот на Арсенал.

Кога станува збор за нив, сигурно нема да има проблеми со термините, бидејќи се знае дека во Англија парите не се проблем.