ЏО БАЈДЕН БИЛ ВО БОЛНИЦА: Американскиот претседател проговори за резултатите од прегледот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека резултатите од неговиот систематски преглед оваа година не се разликуваат од минатогодишните.

По враќањето во Белата куќа од воената болница Волтер Рид во Мериленд, каде што беше прегледан, Бајден се пошегува дека лекарите мислеле дека „изгледа премногу млад“.

„Ништо не е поразлично од минатата година. Се е одлично“, рече Бајден.

Бајден (81) се подложи на годишни физички прегледи откако стана претседател на Соединетите држави.

Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хур во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.