AМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН СО ОСУМ ЛИЦА се урнал ВО ОКЕАН: Сите одбиваат да зборуваат за судбината на екипажот и мистериозната несреќа

Очевидци изјавија дека виделе пламен на левиот мотор на авионот, по што паднал во океанот во близина на јапонски остров.

Авион на американската армија, со осум лица, денеска се урна во океанот во близина на јапонскиот остров Јакушима , соопшти јапонската крајбрежна стража. 

Портпаролот на јапонската крајбрежна стража изјави дека нема дополнителни информации за инцидентот, што значи дека нема информации ниту за безбедноста на луѓето кои биле во авионот „Оспреј“. 

Несреќата се случила околу 14 часот и 47 минути по локално време, а граѓаните пријавиле дека се запалил левиот мотор на авионот и дека леталото паднало во морето, јави јапонската телевизија МБЦ.

Портпаролот на американските сили во Јапонија засега не го коментирал инцидентот , јавува Ројтерс.