Беснеат пожари во Грција, 64 нови жаришта – Пеколна ноќ за пожарникарите, најголема евакуација во историјата на земјата, се слушаат експлозии во воените бази (ВИДЕО)

Пожарникарите во Грција денеска се борат со пожарите ширум земјата, во ден кога топлотниот бран во земјата е на својот врв. Само во последните 24 часа избувнале 64 пожари, изјави портпаролот на противпожарната служба Василиј Сатракојани.

Големиот пожар на Родос доби кошмарни размери. На тој остров пожарот гори веќе шести ден по ред, а има и големи штети на куќите и хотелите.

Моравме да евакуираме 30.000 луѓе. Ова е најголемата евакуација од пожар во историјата на Грција – изјави за AFP портпаролката на грчката полиција Констанција Димоглиду.

Полицијата соопшти дека по копно преселила 16.000 луѓе, по море 3.000, а останатите со свои возила го напуштиле Родос.

Пожарите беснеат и недалеку од Волос, а пламенот го зафатил полигонот на грчката армија и 32-та поморска бригада. 

Според Екатимерини, наводно се слушнале експлозии откако пожарот ги зафатил магацините, но силните воени и противпожарни сили од земја и воздух успеале да се борат со пламените јазици.

Евакуација започна и на островите Евија, бидејќи властите им наредија на жителите на Ливади, Потами, Пернараки, Патанистос, на јужниот дел на островот, да се евакуираат во градот Каристос на запад, а оние во Кастро да се евакуираат во градот Католико, бидејќи избувна нов, голем пожар на отворено.

Вицегувернерот Јоргос Келаидитис за државната агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е тешка.

Пожарот е на два километри, но ветерот е силен, вегетацијата е ниска, чадот е густ и тешко се дише во такви услови – рече Келаидитис, пренесе Катимерини.

Според проценките на властите, борбата со пожарите ќе продолжи и во наредните денови, особено на Родос, бидејќи се очекуваат дополнителни разгорувања на пожарот, пренесуваат Новости.