Во Турција и нејзината околина во последниот месец се регистрирани 13.000 земјотреси

АФАД на својот профил на социјалните мрежи го објави бројот на земјотреси во изминатиот месец

Канцеларијата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД) објави дека во периодот од 6 февруари до 4 март биле регистрирани речиси 13.000 земјотреси во Турција и околните региони, јавува Анадолија.

АФАД на својот профил на социјалните мрежи го објави бројот на земјотреси во изминатиот месец.

„Од 6 февруари до 4 март, АФАД забележа близу 13.000 земјотреси во нашата земја и неговата околина. Бројот на земјотреси регистрирани во овој месец е еднаков на бројот на земјотреси регистрирани во период од шест месеци“, соопшти АФАД.

АФАД објави и мапа со локациите каде што се случиле земјотресите.