В понеделник во Подгорица заедничка седница на владите на Црна Гора и на Албанија

 В понеделник, 27 февруари, ќе се одржи заедничка седница на владите на Црна Гора и Албанија. 

 -На оваа средба ќе бидат потпишани повеќе меѓудржавни договори кои се значајни за унапредување на билатералната соработка. Заедничката седница ќе се одржи во новата зграда на Академијата на науките и уметностите на Црна Гора (ЦАНУ) во Подгорица, пренесуваат албанските медиуми. 

По потпишувањето на договорите, предвидено е да се одржи прес-конференција на премиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама. 

Првата заедничка седница владите на двете земји ја одржаа на 3 јули 2018 година во северниот албански град Скадар, со која претседаваа албанскиот премиер Рама и тогашниот црногорски премиер Душко Марковиќ.