Дали Бајден повторно падна од авион? Се појави ново видео, Американците тврдат: “Тоа не беше претседателот”

Се верува дека лицето кое незгодно паднало е вработено во Белата куќа.

Дали американскиот претседател Џо Бајден имал уште една несреќа додека се спуштал од авионот и паднал? Ова го прашуваат многу американски медиуми по видеото кое се појави за време на неговата официјална посета на Полска, кога непознато лице падна од рампата на претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Снимката од падот се појави на социјалните мрежи и стана хит меѓу критичарите на Бајден, кои почнаа да му се потсмеваат и инцидентот да му го припишуваат на неговата возраст. Сметаат дека тој повеќе не е физички способен да ја извршува функцијата прв човек на Соединетите Американски Држави. Тоа не би му било прв пад по несреќата додека возел велосипед минатата година, но и претходното сопнување додека се качил во авионот. Падот се обиделе да го докажат со фотографија од наводната модринка на челото на претседателот.

Сепак, како што пишува АФП, лицето кое падна на аеродромот Шопен во Варшава не е 80-годишниот Џо Бајден.

– Лицето кое паѓа на таа снимка не е претседател на Соединетите Држави – изјави Шон Савет, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Ова тврдење го поткрепуваат фотографиите и видеата од слетувањето на Бајден објавени од бројни медиумски куќи. Во нив, американскиот претседател оди по рампата што е прикачена на предниот влез, а не на задниот влез каде што се случи падот. Тoј настан во живо го пренесуваше и полската телевизија ТВН24, како и излегувањето на Бајден четири минути подоцна. Преносот во живо на ABC на Фејсбук го покажува истиот редослед на настани.

Се верува дека лицето кое незгодно паднало е вработено во Белата куќа.

Иако не падна, Џо Бајден доживеа мала непријатност на озлогласената рампа во Полска. Додека се качувал, погрешно ја проценил висината на скалилото и се сопнал, но се фатил за оградата и останал на нозе.