Еве зошто сослушувањето на мајката на детето-монструм е многу важно: Дали масакарот во “Владислав Рибникар“ можел да се спречи !?

Истрагата за масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се уште е во тек, а неколку нејзини делови би можеле да бидат пресудни за да се открие дали момчето (13 г.) имало индиции дека може да изврши такво кривично дело, пишуваат српските медиуми.

Како што претходно објавија соседните медиуми, тој наводно гледал филмови во кои страдаат родителите поради убиството на нивните деца, но во кои страдаат и мајките на убијците, а со нив наводно ја поистоветувал и својата мајка. Обвинителството на соседна Србија, претходниот ден нареди да се сослуша мајката, за да се утврди дали имало запоставување или злоупотреба на малолетното момче осомничено за масакарот што го потресе целиот регион.

За да се утврди како момчето се однесувало во просториите на училиштето, ќе бидат извршени разговори со вработените во таа институција – педагог и психолог, кои потенцијално би можеле да откријат дали забележале промени во однесувањето на 13-годишникот. Како што соопштиле од основно јавно обвинителство во Белград, за соседните медиуми – било констатирано дека – „ќе бидат преземени сите други мерки и дејствија кои се неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба“.

Она што може да биде пресудно е проценката на функционирањето на семејството од страна на Центарот за социјална работа. Потребно е да се утврди дали семејството претходно било во евиденцијата на Центарот поради семејно насилство, запоставување на детето или од која било друга причина.