,,Едниот брат ми го убија, другиот стана зависник од крек и алкохол” – Софија Вергара проговори за сите семејни трагедии, го спомна и развод

Џо беше четири години помлад од мене и немаше деца. Решил дека сака да има дете а јас сум премногу стара за тоа, потврдила за Њујорк Тајмс Софија Вергара (51) завпричината за разводот со колегата Џо Манганиело (47).

– Замислете, тоа дете кога ќе имаше 10 години, јас ќе имав 60. Па, јас ќе бев баба – додаде актерката, која веќе го има 32-годишниот син Маноло. Го добила со првиот сопруг кога имала само 18 години.

Софија Вергара

Софија Вергара моментално се гледа во улогата на озлогласената Колумбијка Гризелда Бланко во серијата „Гризелда“ на Нетфлик. Актерката се присети на растењето во Колумбија и на семејната трагедија. Нејзиниот најстар брат Рафаел бил убиен од нарко – картел.

– За жал, во Колумбија во тоа време трговијата со дрога беше насекаде. Не можам да ви кажам дека сите биле дилери на дрога, бидејќи тоа не е точно. Но, на пример, ако сте архитект, како ги купувавте становите? Ако имате салон за автомобили, како ги купувавте автомобилите? Знаеме како функционираа нарко – босовите. Сè беше допрено од нив. Брат ми беше убаво момче. Но, тој донесе погрешна одлука и за жал плати за тоа. Сите плативме за тоа.

Софија Вергара

Убиството на братот, засекогаш го промени семејството на Софија.

– Кога ќе умре некој толку посебен, добар татко и брат, тоа го уништува семејството. Мајка ми и татко ми никогаш не биле исти. Мојот друг брат, кој беше многу близок со него, поради траумата стана алкохоличар, а потоа и зависник од крек – додаде таа.