Ковачевски: Нема да има намалување на платите на функционерите, има законски одредби

Премиерот Димитат Ковачевски изјави дека нема да се намалуваат платите на функционерите. Појасни дека одредени плати се регулирани со закон, така што тоа е сложено решение.

„За дел од функционерите има законски одредби дека платата не може да се намалува. На пример, платите на судиите. Во овие делови од законите делот на пратениците е регулиран со Законот за пратеници, додека пратениците се над тие што ги избираат, а тоа е Владата, затоа велам дека е сложено решение“.

„Ова, на крајот на краиштата, треба да донесе еднаквост во плаќањето на работата согласно обврските што ги има секој во државата. Бевме во ситуација претседателот на една држава да има помала плата од секретар во Агенцијата за електронски комуникации, на пример. Сметам дека и ова е дисбаланс, кој мора соодветно да се реши“, рече премиерот Ковачевски.

За најавените протести на вработените во судството и Фондот за здравство, Ковачевски вели дека е легитимно право да се штрајкува.