Познатиот водител почина на 93 години: Помина 16 години во затвор поради бизарните и монструозните работи што ги направи

Телевизиската ѕвезда Ролф Харис почина на 93-годишна возраст по долга борба со опасна болест, пишува „Дејли мејл“.

Ролф пред шест години излезе од затвор каде што бил осуден за сексуални престапи, а оттогаш живее во изолација со сопругата. Тој беше голема телевизиска ѕвезда, а неговата успешна кариера беше во сенка на обвинувањата за силување.

Ролф помина повеќе од пет години во затвор откако беше осуден за 12 напади помеѓу 1968 и 1986 година. Судиите тогаш изјавија дека ја искористил својата популарност за да се зближи со девојките. Тој беше ослободен од затвор во 2017 година, но никогаш не им се извини на жртвите, пишува Би-Би-Си.

Пред да излезат на виделина монструозните чинови, тој водеше серија емисии за забава, уметност, животни…

Последните години од животот ги поминал со сопругата, познат скулптор, а им била пружена деноноќна нега бидејќи била тешко погодена од Алцхајмерова болест и се движела со помош на инвалидска количка.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ролф бил во толку тешка состојба што не можел ни нормално да комуницира.