Познат аметикански спортист уапсед под сомнение дека ја убил мајка си: Излегол и се забавувал додека полицијата го барала со потерница (фото)

Поранешната ѕвезда на НФЛ Серџо Браун е уапсен под сомнение дека ја убил својата мајка.

Браун исчезна по смртта на неговата мајка, но полицијата го пронајде и го уапси по повеќенеделна потрага. Овој 35-годишен спортист е уапсен во Сан Диего при влез во Америка од Мексико.

Неодамна случајно беше откриено дека се забавувал во ноќен клуб во Мексико, во моментот кога по него била распишана потерница.

73-годишната мајка на Серхио е пронајдена мртва под мистериозни околности. Според американските медиуми, телото на Миртл било пронајдено на 16 септември во поток кој тече во близина на куќата во која живеела со синот.

Потрагата ја иницирало семејството по пријавување на исчезнувањето на мајката и синот.

Обдукцијата потврдила дека Миртл починала како последица на нејзините физички повреди.

Серхио Браун ги помина од 2010 до 2016 година во НФЛ. Играше за Њу Ингланд Патриотс, Индијанаполис Колтс, Џексонвил Јагуарс, Атланта Фалконс, Бафало Билс.