ПРЕСКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ: Антигва и Барбуда се премногу сиромашни за да ја одржуваат заробената јахта на рускиот тајкун

Луксузната јахта која беше конфискувана како дел од санкциите воведени од руските тајкуни е голем проблем за Антигва и Барбуда, земја која се наоѓа во источниот дел на Карипското Море!

Како што пренесува Блумберг, одржувањето на оваа јахта, која беше запленета во април минатата година, ја чини државата десетици илјади долари.

Станува збор за јахтата „Алфа Неро“, долга 82 метри и вредна 120 милиони долари. Нејзин сопственик е рускиот милијардер Андреј Гурјев, кој беше санкциониран откако Русија започна инвазија на Украина.

Од вкупно 44 членови на екипажот, на јахтата има уште шест. Вкупно 25 членови на екипажот поднеле тужба барајќи 2,1 милион долари неисплатени плати.

– Само трошоците за екипажот чинат 112.000 долари месечно – изјави адвокатот Крег Џејкс.

Затоа властите побараа од САД да ги отстранат санкциите од јахтата или да ја продадат.