САД ставија вето на резолуцијата на ОН за постигнување прекин на огнот во Газа

Соединетите држави во петокот ставија вето на резолуцијата на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа, поради зголемената загриженост за бројот на цивилни жртви таму.

За резолуцијата беа 13 земји, додека САД ставија вето, а Велика Британија воздржа, пренесува Си-Ен-Ен.

Нацрт верзијата на резолуцијата, претставена од Обединетите Арапски Емирати, бараше „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување хуманитарен пристап“, се вели во нацрт-копија.

Најмалку 97 други земји се приклучија на напорите, ко-спонзорирајќи го нацрт-законот подготвен од Обединетите Арапски Емирати.

САД претходно сигнализираа неодобрување на нацрт-текстот. Земјата, која е една од петте постојани членки на Советот со право на вето, постојано се спротивставува на повиците за „прекин на огнот“, нагласувајќи го, како што тврди, правото на Израел да се брани по терористичкиот напад на Хамас.

Гласањето беше шести обид на 15-члената група да постигне консензус за тековната војна меѓу Израел и Хамас. Само едно претходно гласање беше успешно, кое минатиот месец повика на создавање „хуманитарни паузи и коридори“ во Газа.