Семејна трагедија во Подгорица: Маж ја убил сопругата и малолетниот син а потоа цевката ја свртел кон себе

М.Д.(52) од Подгорица ги убил сопругата В.Д.(50) и синот Ѓ.Д. (13) по што се самоубил.

Според информациите од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа, двојното убиство и самоубиството се случиле во населбата Толоши половина час по полноќ.

Полицијата соопшти дека М.Д со огнено оружје ги убил сопругата и синот.

Истрагата е во тек.