Хрватска: Го чистеле гробното место и нашле нешто, за што интервенирала и полицијата

При чистење на гробното место, локалните жени пронашле бомби М79, М52П и 90 парчиња муниција со калибар 7,9 мм во торба. На местото на откривањето дошол полициски службеник за антиексплозивна заштита, кој безбедно ги отстранил пронајдените бомби и муниција.

Од полицијата потсетуваат дека акцијата „Помалку оружје, помалку трагедии“ сè уште трае и ги повикуваат граѓаните да ги пријават во полиција без страв од санкции доколку чуваат или кријат оружје или експлозивни направи во своите домови.

Хрватските власти апелираат граѓаните да не носат такви средства во полициските станици за да не се активираат, туку да ја пријават својата намера лично во најблиската полициска станица.