ШОКАНТНО – ВАГНЕР СИ ЗАМИНУВААТ ОД УКРАИНА! Сергеј Шојгу им понудил договори на платеници, а ‘готвачот’ децидно одбил – раскол во Кремљ !?

Основачот на руската приватна паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денес соопшти дека не е сигурен дека членовите на неговата група ќе продолжат да се борат во Украина.

Евгениј Пригожин на новинарско прашање одговори дека не е сигурен дека Вагнер ќе биде конкретно ангажиран во Украина, бидејќи одбил да ја стави таа група под команда на Министерството за одбрана на Русија, пишува медиумската агенција Reuters.

Познато е дека претходно членовите на Вагнер се бореа во Африка и на Блискиот Исток.

Откако ја водеа повеќемесечната битка за Бахмут во која загинаа десетици илјади луѓе, Евгениј Пригожин минатиот месец ги повлече борците на Вагнер на одмор и прегрупирање.

Министерството за одбрана на Русија во саботата соопшти дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу потпишал наредба со која се бара од сите доброволни воени единици да потпишат договори со Министерството до 1. јули за да добијат правен статус.

Евгениј Пригожин децидно кажа дека Вагнер нема да потпише договор со Министерството за одбрана на Русија.