Американските медиуми за смртта на Алексеј Навални

Соопштенијата за смртта на Алексеј Навални (47) нашироко се дискутираат во американските печатени и електронски медиуми.

-Алексеј Навални беше еден од ретките гласови во Русија кои не му даваа мир на рускиот претседател Владимир Путин. Еден од најистакнатите критичари на Кремљ, тој беше антикорупциски активист кој успешно работеше со медиумите, кој го оживеа руското опозициско движење, и кој на својот Јутјуб канал правеше експозе на недостатоците на децениската власт на Путин, и покрај тоа што му беше забрането да учествува во изборите, напиша Волстрит журнал.

-Во текот на многу години Навални беше исклучително успешен блогер, активист и лидер на опозицијата во путинска Русија, кој се здоби со масовна популарност онлајн благодарејќи на видеата во кои детално раскажуваше за корупцијата и огромните расходи на владејачката класа. Тој беше строен, со јасен израз и харизматичен, роден политичар во земја каде практично не постои конкуретна јавна политика, пишува Вашингтон пост.

-Смртта на Алексеј Навални ја остава опозицијата без најзначајниот глас во време кога претседателот Путин се здоби практично со апсолутна власт, резимира Њујорк тајмс.

Навални беше гигант на руската политика, тој беше нарекуван руски Нелсон Мендела, соопштува Еј-би-си њуз.

-За многу Русиј тој ја олицетворуваше надежта за демократска иднина на Русија. И покрај новите длабочини на репресиите до кои Русија се спушти во изминатите две години, тој носеше надеж натопена со неговиот нескротлив оптимизам, кој сеуште се емитуваше од неговата затворска ќелија. Но сега антикремљевската опозиција е практично уништена.

Навални беше премнугу смел да му дозволат да живее. Подржувачите на Путин треба да се чуваат. Судбината на рускиот дисидент го покажува вистинското лица на Кремљ, напиша во коментар агенцијата Блумберг.